Поврзете се со нас

Шпанија

Најскапото засилување во историјата на Баерн мора да се врати во Мадрид и да отслужи затворска казна

Објавено

на

Лукас Ернандес се најде во огромни проблеми поради летниот одмор кој го имал со својата сопруга пред три ипол години, а со која претходно имаше непријатни недоразбирања и се најдоа на суд поради физички напад.

Во февруари 2017-та година, Лукас и неговата сопруга Амелија добија казна од 31 ден општествено корисна работа и дополнителна условна казна според која не смеат да се приближат еден на друг во наредната година, нешто што двајцата го прекршиле следното лето.

Двојката била заедно на „меден-месец“ во Мајами и се верува дека таму се регистрирале поради покренатата процедура против нив во Шпанија, но при враќањето во Мадрид, Лукас бил приведен од полицијата на аеродромот Барахас, а потоа ослободен од властите.

Три години подоцна, денеска излезе официјално соопштение од судот во Мадрид за сериозниот прекршок кој го направил францускиот репрезентативец, а поради кој му е одредена шестмесечна затворска казна.

Најскапото засилување во историјата на Баерн Минхен мора да се појави во судот во Мадрид на 19-ти октомври откако била одбиена и неговата последна жалба, а во соопштението доставено од судијата, се вели дека Лукас треба да се пријави лично на закажаното рочиште и да го избере затворот во кој ќе ја отслужи казната.

Единствена поволна околност за дефанзивецот е тоа што патувањето во Мајами било взаемно договорено со сопругата, па поради тоа постои некаква шанса да му се прогледа низ прсти и сепак да не заврши во затвор и да отслужи условна казна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни