Поврзете се со нас

Англија

Најскапиот играч на Јунајтед нема да игра против Тотенхем

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед утре го очекува битка за пласман во полуфиналето на англискиот Лига Куп, битка со Тотенхем во Лондон, битка за која клубот од „Олд Трафорд“ нема да смета на играчот кој е најскапо платен во екипата.

Имено „Дејли Мејл“ пренесува дека на листата на повикани фудбалери за овој дуел не е Маркус Рашфорд што дефинитивно е уште еден јасен сигнал дека е на излезна врата од Јунајтед. Тој беше „избришан“ од менаџерот Рубен Аморим за градското дерби со Сити во Премиер лигата за да потоа изјави дека е подготвен за нов предизвик во кариерата за да предводникот на премиерлигашот се огласи и порача дека сака да му помогне на напаѓачот да успее.

Меѓутоа се чини нема враќање назад и Рашфорд е надвор од комбинација, нешто што не е случај со Алехандро Гарначо кој исто беше изоставен од средбата со „граѓаните“, ама сега се враќа и Аморим ќе може да смета против „петлите“ утре од 21 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни