Поврзете се со нас

Англија

Најскапиот играч на Челси се исповеда: Му нанесов штета на тимот, играв повреден осум месеци

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/EmiratesFACup

Енцо Фернандез и натаму го има статусот на најскап играч во историјата на Челси, бидејќи клубот од Лондон реши да плати повеќе од 120 милиони евра на Бенфика за да го добие светскиот шампион.

Фернандез наиде на доста турбуленции откако направи трансфер и во последно време доби и доста критики за своите изданија, но на крајот излезе дека Аргентинецот влечел повреда осум месеци, поради која реши предвреме да ја заврши сезоната.

Енцо мораше да направи операција во обид целосно да го реши проблемот, а сега со ладна глава заклучи дека му донел и штета на тимот поради фактот што не го давал најдоброто од себе на теренот.

– Играв со болки и под инјекции цели осум месеци. Морав да донесам одлука за операција и тоа беше најдоброто што го направив. Му правев штета на тимот, бидејќи бев претпазлив и не сакав да се изложувам на ризик.

– Се чувствувам добро, рехабилитацијата оди во посакуван правец и се надевам дека ќе бидам подготвен за Копа Америка. Многу сум возбуден, првпат ќе бидам дел од тој  турнир, – вели Енцо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни