Поврзете се со нас

Германија

Најскапата фризура во историјата на фудбалот: Санчо доби казна од германската Федерација

Објавено

на

Бундеслигата ги рестартираше натпреварите со посебни протоколи и мерки кои треба да ги почитуваат фудбалерите, а оние кои не го направија тоа, сега се соочуваат со жестоки казни кои почна да ги одредуваат одговорните луѓе.

Фудбалската Федерација на Германија денеска излезе соопштение за двете ѕвезди на Борусија Дортмунд, кои по се изгледа, ќе бидат носители на најскапите фризури во историјата на фудаблот.

Џејдон Санчо и Мануел Аканџи се најдоа на удар од јавноста, откако сами доловија преку социјалните мрежи дека ангажирале приватен фризер за да си ги средат фризурите по рестартот на натпреварувачката сезона.

Во дадениот случај, двајцата фудбалери не ги почитувале хигиенските мерки и социјалната дистанца која е строго препорачана за сите учесници во Бундеслигата, па сега новите фризури ќе ги чинат неколку илјадници евра, цифра која Федерацијата сепак не сакаше детално да ја открива.

– Фудбалската Федерација на Германија одреди економски санкции за Мануел Аканџи и Џејдон Санчо. Двајцата играчи на Борусија Дортмунд свесно не ги почитуваа препорачаните хигиенски протоколи за спречување на инфекцијата, – се вели во соопштението на Федерацијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни