Поврзете се со нас

АТП

Најпријатното изненадување во Лондон ќе го предизвика Ѓоковиќ во полуфиналето на Вимблдон

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

Лоренцо Музети до денеска важеше за играч кој најдобро се снаоѓа на земјена подлога, па иако најдобрите резултати ги имаа на таа подлога, сепак до најголемиот успех на еден грен слем турнир стигна ова попладне.

Италијанскиот тенисер потврди дека е најпријатно изненадување на годинешното издание на Вимблдон, а напредокот на тревна подлога го заокружи со пласман во полуфиналето во Ол Ингланд клубот.

Откако пред две недели играше финалето во Квинс клубот, Музети очигледно доби самодоверба додека игра на трева, па денешната победа сигуно е најважна во неговата кариера.

Италијанецот го доби трилерот со Тејлор Фриц и после пет сета се пласираше во полуфиналето (3:6, 7:6, 6:2, 3:6 и 6:1), па сега во следната фаза ќе го има најголемиот и најтежок испит на Вимблдон.

Музети ќе игра против Новак Ѓоковиќ и ќе го предизвика седумкратниот шампион, кој денеска без борба се пласираше во полуфиналето откако мечот му го предаде Алекс Де Минор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни