Поврзете се со нас

Европски првенства

Најплатениот селектор добива речиси 7 милиони евра, легендарниот Сањол е на последно место со само 200 илјади евра (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/GeorgiaGff

Европското првенство во Германија официјално стартува во петок и ќе почнат големите возбудувања кои ќе траат точно еден месец, период во кој ќе дознаеме кој ќе биде новиот фудбалски владетел на стариот континент.

Италија како бранител на титулата ќе се обиде да го одбрани тронот со Лучано Спалети, Англија како еден од фаворитите ќе брка титула во последниот обид на Герет Саутгејт, а голем фаворит за титулата дефинитивно е и актуелниот светски вицешампион Франција.

Најголем дел од ескпертите сметаат дека главни фаворити за највисок пласман се Франција, Англија и Португалија, фаворити од втор план секако се Германија, Шпанија, Италија и Холандија, но во најаватата за турнирот, за медиумите интересна е и заработката која ја имаат тренерите.

Од сите 24 селектори, убедливо најплатен е Герет Саутгејт со годишна плата од 5,8 милиони евра, втор е домаќинот на Европското првенство, Јулијан Нагелсман (4,8 милиони евра), а во топ три е и Роберто Мартинез како предводник на Португалците (4 милиони евра).

Дидие Дешамп е на четврто место со 3,8 милиони евра годишна плата, следен од Роналд Куман кој добива 3 милиони евра од фудбалскиот сојуз на Холандија, исто колку што добива и Лучано Спалети.

После ова, следи границата под два милиони евра, а тука се наоѓаат Винченцо Монтела, Мурат Јакин, Ралф Рангник, Доменико Тедеско, Златко Далиќ, Драган Стојковиќ, Луис де Ла Фуенте, Сергеј Ребров и Каспер Хјулманд.

На Европското првенство има и тренери кои добиваат под милион евра, а на последното место е легендарниот Вили Сањол кој инкасира само 200 илјади евра од договорот со фудбалската Федерација на Грузија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни