Поврзете се со нас

Италија

Најплатениот играч на Лацио: Не сакам повеќе ниту едно евро од клубот, побарав да си заминам!

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Лацио минува низ навистина турбулентен период и елиминацијата од Лигата на шампионите беше надополнета со оставка од страна на Маурицио Сари, па иако во прв момент назначувањето на Игор Тудор донесе позитивен ефект, поразите од Јувентус и Рома повторно донесоа немир на „Олимпико“.

Поради тоа, најстраствените навивачи ги исвиркаа своите фудбалери и им посветија жесток транспарент пред мечот со Салернитана, на кој пишуваше дека најголем дел од играчите не заслужуваат да го носат небесно-синиот дрес.

Лацио победи со 4:1 и тоа се чинеше дека ќе донесе малку мир во наредните неколку дена, но за да не дојде до такво нешто се погрижи Луис Алберто кој најави заминување од клубот.

Шпанецот во неколку наврати беше пред трансфер и во последен момент продолжуваше договор, меѓутоа сега вели дека дошло време да се стави крај.

– Ова беа тешки седмици за нас, веќе сум убеден дека ова е мојата последна сезона во Лацио. Не сакам ниту едно евро плус од клубот, веќе побарав да ми се раскине договорот.

– Останатите години од договорот им ги препуштам на останатите играчи. Овој клуб ми даде многу и праведно е да завршиме така. Фер е да ја оставам мојата плата за останатите, – изјавил Луис Алберто кој е најплатен играч на Лацио во друштво на Чиро Имобиле (7,4 милиони евра по сезона).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни