Поврзете се со нас

Англија

Најперспективниот менаџер во Премиер лигата решил да ги откачи великаните

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/IpswichTown

Челси и потенцијално Манчестер Јунајтед се клубови од врвот на англиската Премиер лига кои се уште не го потврдиле менаџерот за следната сезона, а во двете приказни беше инволвиран еден од најперспективните тренери на островот во моментов.

Се работи за Киран МекКена, кој неодамна успеа да го врати Испвич во Премиер лигата, прекинувајќи го долгиот пост на клубот без настап во најелитната англиска лига.

Трофејните клубови сепак ќе мора да почекаат за евентуален ангажман на овој менаџер, бидејќи тој решил да остане во Ипсвич и да ја предводи екипата и во Премиер лигата.

38-годишниот МекКена веднаш беше поврзан со Манчестер Јунајтед, не само поради возраста и потенцијалот, туку и поради фактот што има историја на „Олд Трафорд“.

Тој работеше како тренер во Јунајтед до 2021 година, период во кој им беше асистент и на Ралф Рангник, Оле Гунар Солскјер и Жозе Мурињо, па има сериозна конекција со „црвените ѓаволи“.

Медиумите исто така го споменуваа МекКена и во комбинации поврзани со Челси и потенцијалниот наследник на Маурисио Покетино, па и во написите во кои се лицитираше со замена за Роберто Де Ѕерби во Брајтон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни