Поврзете се со нас

Велосипедизам

Најомразениот човек во велосипедизмот се огласи за немилиот инцидент: Постојано мислам на Фабио (Фото)

Објавено

на

blank

Фабио Јакобсен и натаму се бори за својот живот на интензивна нега во болницата во Полска, но лекарите информираат дека состојбата му е далеку постабилна од вчера, иако неговата ситуацијата се уште се води како критична.

Најдобра вест е тоа што Холанѓанецот нема посериозни внатрешни оштетувања на мозокот, па по петчасовната операција која ја извеле неколку лекари, планот е да пробаат да го разбудат од индуцираната кома во наредните 24 часа.

Само за потсетување, Јакобсен претрпе сериозен пад на вчерашата етапа на велосипедскта трка во Полска, и тоа пред самиот финиш на истата кога неговиот сонародник Дилоан Гронвеген му го затвори патот и го истурка во заштитната ограда.

Фабио со брзина од околу 60 километри на час се заби во железната конструкција од оградата и со хеликоптер беше пренесен во болница без свест, но лекарите и натаму напорно се борат за неговиот живот и денеска прогнозите се доста подобри од оние вчера.

Сепак, во вакви ситуации неблагодарно е да се даваат било какви прогнози, а додека сите се молат за неговиот живот, луѓето од велосипедизомот со сета сила го нападнаа неговиот сонародник.

Колегите велосипедисти бараат доживотна суспензија за Гронвеген поради непрофесионалниот и ужасен потег, додека тимот за кој настапува Јакобсен, денеска побара и затворска казна за Дилан со оглед несреќата која ја предизвика.

По ваквите коментари, во текот на денешниот ден пристигна и прва реакција на човекот кој се претвори во персона нон грата во велосипедските кулоари.

– Го мразам она што се случи вчера. Не можам да пронајдам зборови за да опишам колку жалам што му се случи на Фабио и на другите кои беа дел од метежот. Во овој момент, здравјето на Фабио е најважно, постојано мислам на него, – напиша Дилан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни