Италија
Најновото засилување на Интер и обезбеди голем профит на Аталанта: Дојдов како непознат играч….. (Фото)

Робин Госенс направи промена на клубот во Серија А, но нема да патува премногу далеку, бидејќи Бергамо и Милано се навистина блиску, а не е различна ниту бојата на дресот кој го облекува.
Германскиот репрезентативец мина извонредни четири години во Аталанта и прерасна во еден од најпосакуваните и најценети дефанзивци во Серија А, па сега Интер како актуелен италијански првак реши да ги истакне шампионските амбиции со амбициозен јануарски ангажман.
Госенс ќе игра во Интер како позајмен играч до крајот на сезоната, но потоа клубот од Милано ќе има задолжение да го купи за 25 милиони евра, што прави Аталанта да има чиста заработка и профит од 24 милиони евра.
Аталанта го купи Госенс од Хераклес во 2017-та година за само еден милион евра, а сега го продава германскиот репрезентативец кој смета дека е вистинско време за нов чекор во кариерата.
– Поминаа повеќе од четири години од денот кога пристигнав во Аталанта како непознат млад играч. Овој клуб ми даде можност да игра во Серија А, ми даде самодоверба да растам како играч, а пред се како човек. Од првата минута, го дадов максимумот за дресот на Аталанта, Бергамо е посебен град за мене и семејството. Доживеав незаборавни искуства, а исто така тука се роди и мојот сим.
– Благодарност до фановите кои секогаш ме поддржуваа, благодарност до соиграчите кои правеа да растам на секој тренинг, благодарност до стручниот штаб кој веруваше во мене и благодарност до клубот кој ми овозможи шанса. Како и да е, во фудбалот има шанси кои доаѓаат само еднаш и поради тоа потпишав за Интер. Се надевам дека ја цените мојата работа и труд, – вели Госенс.
-
Англијапред 12 часа
Сити беше на колена, па за пет минути направи чудесен пресврт и ја одбрани титулата во ПЛ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 22 часа
Играч на Реал го „поздрави“ Мбапе: Да се биде дел од Мадрид е привилегија која не може секој да ја има!
-
Македонијапред 22 часа
Давидовски ќе стартува прв во Франција: Имам доверба во тимот!
-
Македонијапред 9 часа
Давидовски по триумфот во ТЦР Европа: Знаев дека победата е на дофат!
-
Италијапред 9 часа
Ибрахимовиќ во елемент: Излезе да слави титула со пура и шампањ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 19 часа
Последната објава на Бензема предизвика лавина од реакции: Карим изневерен од Мбапе (Видео)
-
Светпред 18 часа
Класа потег: Иџе и Вуков први му честитаа на Давидовски за историскиот успех (Фото)
-
Францијапред 17 часа
Лизаразу во неверица: Мбапе фрли на колена една земја и најголемиот клуб во светот!