Италија
Најнов извештај од Џенова: Дури 17 играчи се заразени од коронавирус
Корона кризата во Џенова никако да стивне и од ден во ден се јавуваат нови заразени фудбалери, па така сега вкупниот број на позитивни на Ковид 19 се искачи на 22.
Клубот од Мараси ова попладне ги објави резултатите од најновите тестирања кои биле направени вчера, а по кои позитивни на коронавирус се уште тројца играчи од првиот тим.
Горан Пандев се уште не е меѓу заболените фудбалери и се наоѓа во строга изолација како сите останати, но се уште непознато е дали ќе добие зелено светло за напуштање на Италија, доколку и натаму остане со негативен тест во пресрет на дуелот со Косово во Лигата на нации.
Најнови заразени во Џенова се Давиде Бираски, Доменико Кришито и Даријан Малес, а со оглед на тоа што вчера вирусот беше лоциран и кај Петар Брлек и Миха Зајц, сега дури 17 играчи на првиот тим се со позитивен Ковид 19 тест.
Серија А веќе донесе одлука предвидениот натпревар меѓу Џенова и Торино да не се одигра, а во текот на денешниот ден, италијанската јавност е во големо исчекување на резултатите од најновите тестови кои ги направи Наполи, со оглед на тоа што тимот на Гатузо последен играше против Џенова.
-
Репрезентација17 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства15 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства3 часа
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Светски првенства16 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација19 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства18 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Светски првенства5 часа
Митев: Македонија загуби од Холандија со помош од Данска
-
Репрезентација17 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор