Шпанија
Најнесреќен старт во топ 5 лигите: Талентот на Милан доби крампони во глава од свој соиграч и заврши во болница (Видео)
Лука Ромеро направи трансфер од Лацио во Милан изминатиот летен преоден рок, но откако не успеа доволно да се наметне кај тренерот Стефано Пиоли, самиот процени дека е најдобро да направи нов трансфер во јануари.
Талентираниот Аргентинецот премина во Алмерија која грчевито се бори за опстанок во Ла Лига, а откако постигна два гола во мрежата на Атлетико Мадрид минатата недела, сега мораше да биде изваден во 45-та минута на мечот со Селта Виго.
Офанзивниот фудбалер на Алмерија ја претрпе најнесреќната повреда во топ 5 лигите, бидејќи беше буквално нокаутиран од свој соиграч кој немаше никаква намера да го направи тоа.
Талентот на Милан доби крампони во глава од соиграчот Марк Пубил и беше изнесен со носилки и фиксиран врат, па од теренот директно беше пренесен во болница на дополнителни прегледи.
Неговото место на теренот го зазема Лео Баптистао, а Алмерија на крајот загуби на гостувањето во Виго со резултат 1:0.
🚨| Luka Romero (Almeria) subbed out in the match against Celta Vigo after being injured by teammate
pic.twitter.com/FIKUmHtILw— Red Card Alert (@collinabanter) March 1, 2024
-
АТП23 часа
Федерер долго размислуваше и прогнозираше кој ќе ја добие битката меѓу Ѓоковиќ и Синер (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Модриќ го издвои омилениот момент од приказната со Реал: За мене тоа е посебен број…
-
АТП19 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Европски првенства24 часа
Младинците се „исклучија“ во последниот период и претрпеа тежок пораз од Холандија
-
Шпанија19 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија18 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Шпанија2 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Англија2 часа
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда