Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Најнерамноправното четвртфиналето во ЛШ: Споредба меѓу платата на Нејмар и цел тим на Аталанта (Фото)

Објавено

на

Со вчерашните два натпревари во осминафиналето, станаа познати сите осум патници на завршниот турнир во Лигата на шампионите, а додека пресметката меѓу Барселона и Баерн Минхен ќе биде највозбудлива во фајнал-ејт фазата, убедливо најнерамноправно четвртфинале ќе гледаме на дуелот меѓу ПСЖ и Аталанта.

Без никаков сомнеж, ова ќе биде едно од најнееднаквите четвртфиналиња во поновата историја на Лигата на шампионите, а тоа го потенцираше и угледниот италијански весник „Газета“ кој и ја посака цела среќа на светот на Аталанта во историскиот меч за нив.

Италијанската божица веќе направи историски подвиг и за првпат ќе игра во едно четвртфинале во најелитното натпреварување, а за противник ќе го има еден од најбогатите тимови во светот.

Разликата во финансиската моќ е до толку голема, што „Газета“ пресмета дека цел тим на Аталанта има помала плата од онаа астрономската на првата ѕвезда на ПСЖ. Бразилецот Нејмар има годишна плата од 36 милиони евра, а вкупно собрано, сите играчи на Аталанта носат збир од нешто над 35 милиони евра.

Истоимениот весник направи и споредба меѓу плата на Нејмар и тројцата најдобри играчи на Аталанта, Иличиќ, Запата и Папу Гомез кои добиваат 10-пати помала плата од Нејмар, или вкупно заедно 3,6 милиони евра (по 1,2 секој посебно).

Сепак, фудбалот е игра во која парите не играат на теренот, а Аталанта оваа сезоан докажа дека може со секој да се носи, па во пресметката со ПСЖ која се игра наредната седмица нема што да загуби, но може и тоа како многу да добие.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни