Поврзете се со нас

Англија

Најнеизвесниот натпревар од Премиер Лигата е во Бирмингем, само два изразити фаворити меѓу останатите!

Објавено

на

Претстојните викенд натпревари од Премиер Лигата носат интересни дуели, при што медиумите најмногу пишуваат за дербито на Ливерпул и Манчестер Сити.

Но, погледнато низ призмата на коефициентите кај букмејкерите, се добива впечаток дека на „Енфилд“ огромен фаворит е составот предвиден од Пеп Гвардиола.

Имено, може да се забележи дека коефициентот за победа на гостите од Манчестер е 2,125, додека за триумф на актуелните шампиони шансите се изедначени како и за нерешено (3,4 за победа на Ливерпул, односно 3,64 за нерешено).

За овој натпревар во јавноста претходно се огласи и бугарскиот фудбалер Димитар Бербатов, кој во својата колумна типуваше на многу голови од двете страни. Од друга страна, и легендарниот Мајкл Овен направи притисок врз поранешниот тим со својата изјава дека ќе се простат од одбраната на шампионската титула доколку не извојуваат победа.

Од друга страна, коефициентите на „Бетвинер“ укажуваат дека Астон Вила и Арсенал ќе го играат најизедначениот натпревар на колото. Шансите на домашните за триумф се изразени со коефициентот 2,76, наспроти шансите на Арсенал кој котира со 2,54.

Интересно, иако на претходниот натпревар Манчестер Јунајтед славеше постигнувајќи девет голови против Саутемптон, овој тим не е најголемиот фаворит за победа во ова коло, иако игра дома со Евертон. „Фиксот“ за домашните котира со квота 1,536 а наспроти тоа поголеми фаворити за победа се сметаат Тотенхем и Челси.

Фудбалерите на Мурињо се презентирани како „тотално добиени“ против Вест Бромвич Албион бидејќи за нивен триумф букмејкерите би исплатиле коефициент 1,455, додека Челси за гостувањето кај Шефилд котира со 1,46.

За љубителите на фудбалското обложување, овој викенд на програмата има и други интересни дуели, како на пример Јувентус – Рома, две екипи кои во првиот дел од првенството одиграа реми со четири погодоци.

Во Бундеслигата, фаворитите овој викенд играат како гости, па така и Баерн Минхен, и Борусија Дортмунд и РБ Лајпциг, ќе треба да вложат максимум за да ја оправдаат довербата на играчите.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни