Поврзете се со нас

Свет

Најмоќната жена во фудбалот: Само на еден претседател не можам да му кажам „НЕ“

Објавено

на

Foto:instagram.com/rafaelavitalepimenta

Рафаела Пимента долги години е дел од фудбалот и беше најблиска соработничка на Мино Раиола, но по смртта на легендарниот агент, таа ја наследи цела империја и сега е најмоќна жена во фудбалскиот свет.

Бразилката која по професија е адвокат продолжи да ги претставува сите големи ѕвезди за кои одговорен беше Раиола, но и самата е свесна дека фудбалерот кој е во најголем подем е Ерлинг Халанд, за кого вели дека вреди една милијарда евра.

– Врвот кој може да го достигне Халанд никој не може да го види. Тој е пример за модерен фудбалер, сметам дека ќе ги урне сите рекорди поради тоа како се однесува на теренот и надвор од него, познавајќи го неговото тело и знаејќи како се чува. Со него одиме сезона по сезона, во овој момент е во Сити и треба да биде така.

– Бројките во фудбалот се менуваат, кога ние го продадовме Погба, сите велеа дека тоа е неверојатно. Денеска играчите вредат многу повеќе, Нејмар се уште е на врвот со 222 милиони евра. За мене Халанд вреди една милинарда евра. Можеби никој нема да го плати тоа за него, но тој вреди толку за потенцијалот кој го носи во еден клуб, – потенцира Пимента во интервјуто за „АС“, во кое открива дека има посебен однос со Жоан Лапорта.

– Мино имаше многу добар однос со Барселона и претседателот Лапорта, но истото важи и за мене. Секогаш велам дека Лапорта не смее да ми побара ништо, бидејќи тоа нема да биде фер. На него не можам да му кажам „НЕ“, – признава Пимента.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни