Поврзете се со нас

НБА

Најмладиот МВП играч во НБА историјата ја заврши кариерата

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/drose

Поранешниот МВП на НБА лигата, Дерик Роуз денеска официјално стави крај на својата кошаркарска кариера.

Роуз по 16 сезони реши да се повлече и како што вели, на 35-годишна возраст конечно да и се посвети на својата фамилија.

Роуз беше избран на драфтот во 2008 година од клубот од неговиот роден град, Чикаго Булс, беше избран за дебитант на сезоната и експресно се најде меѓу играчите кои обезбедуваа учество на Ол-стар викендот.

Во сезоната 2011/12, Роуз заслужено стигна и до МВП признанието, со што стана најмлад играч кој стигнал до истото, а Чикаго имаше најдобар скор во источната конференција.

Падот во формата на Роуз почна откако заработи потешка повреда на лигаментите на коленото во плејофот во 2012 година, па никогаш не успеа да се врати во препознатливото светло.

Во 2016 година беше трејдуван во Њујорк, по што почна фазата на често менување на клубови и го носеше дресот и на Кливленд, Минесота, Детроит и Мемфис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Derrick Rose (@drose)

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни