Најмасовен спортски настан во историјата на Македонија: Започнува ,,Европска недела на спортот” (Видео)

Evropska Nedela na Sportot 1

Стартувајќи од 2015 година, Европската унија зема за цел преку свои проекти да го мотивира населението кон здрав начин на живот преку правилна исхрана, спорт и физички активности. По тој  повод,Македонија преку Агенцијата за млади и спорт се вклучи во најголемиот спортски настан во Европа – ,,Европската Недела на Спортот”, а денес на прес-конференцијата која се одржа во АМС, се обрати директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, директорот на СЦ ,,Борис Трајковски Александар Петровски, како и националниот координатор за Македонија, Александра Дичевска кои им ги објаснија деталите околу овој настан.

Каевски во обраќањето се осврна на важноста од спортување, особено на младата популација и прецизираше дека АМС се вклучува во овој проект, каде што во исто време милиони луѓе низ целата Европа ќе бидат активни преку ,,Европската Недела на Спортот”.

– Проектот насловен како Европска недела на спортот под мотото Биди активен, предизвика вклучување на огромен број на лица, кои на тлото на Европа се брои во милиони. Македонија се вклучи со преку 70 активности што покажува голема заинтересираност кај сите чинители, – изјави Каевски.

На присутните медиуми се обрати директорот на нашиот најголем спортски центар Александар Петревски, кој повика на масовно вклучување на сите граѓани, особено на младите.

-Огромно задоволство е да се биде партнер во еден вака голем проект, чија цел подигнување на свеста за позитивните ефекти од спортот и физичката активност. Еден од четирите најголеми настани ќе се случи токму во нашиот центар. Станува збор за “Be active night” закажан за 29.09, Среда, со почеток од17 часот, во кој граѓаните ќе имаат можност да бидат дел од над 30 активности.

Националниот координатор на Европската недела на спортот Александра Дичевска искажа благодарност за вклученоста на 15 општини, Национални спортски федерации, спортски клубови и центри, спортисти и спортски работници.

-Покрај огромниот број на настани во припремниот период и во неделата што доаѓа, би ги издвоила четирите големи настани меѓу кои :Тарту кол- повикот за здрав начин на живот (23.09-Жена парк 18-20 часот), масовно скокање на јаже (25.09 – 17 часот, Плоштад Македонија), Be active nigt, СЦБТ ( 29.09, 17-22 часот) и Масовно искачување на Водно (30.09 – ОУ Кочо Рацин 09.00) со завршен фестивал на средно Водно, прецизираше Дичевска и додаде дека сите информации за настаните може да се најдат на Фејсбук страната на Европската недела на спортот.

 

Facebook Коментари