Поврзете се со нас

Шпанија

Најмалерозниот играч на Реал повторно се повреди, Анчелоти остана само со еден стопер

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Реал Мадрид киксираше против Еспањол и претрпе болен пораз на гостувањето во Барселона, неуспех кој беше уште поразочарувачки поради повредата која ја заработи Антонио Ридигер.

Клучниот стопер на Реал се повреди во навистина лош момент и со сигурност ќе ги пропушти дерби пресметките со Атлетико Мадрид и Манчестер Сити во Лигата на шампиони, а во период кога Анчелоти има навистина ограничен број на дефанзивци, навистина лоши се вестите како онаа која дојде ова попладне.

Реал Мадрид објави дека нова повреда заработи малерозниот Давид Алаба, кој непосредно откако се врати на терените, сега мора да прави нова пауза.

Австриецот речиси една година се опоравуваше од тешката повреда на коленото, но сега ќе паузира од две до три седмици поради мускулна повреда.

Повредите на Алаба, Ридигер и Милитао го оставаат Анчелоти само со еден стопер во првиот тим, а тоа е младиот Асенсио. Повеќе од јасно е дека Дон Карло ќе мора да прави нови претумбации, а најлогична опција е да го постави Чуамени повторно во срцето на одбраната.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни