Поврзете се со нас

Шпанија

Најмалерозниот играч на Барселона повторно се повреди (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Повредите од минатата сезона направија одредени проблеми и на стартот на авантурата на Ханси Флик како тренер на Барселона, па иако Германецот успеа да избалансира со давање шанса на голем број млади фудбалери, сепак има еден фудбалер кој влегува од малер во малер веќе три години наназад.

Ханси Флик се израдува на првиот натпревар кој го одигра Ансу Фати за Барса после повеќе од 400 дена, а откако реши да го дозира за да се избегне најнепосакувано сценарио, офанзивниот фудбалер доби 20-тина минути на натпреварот против Реал Сосиедад.

Поради тоа што беше резерва, Фати изминативе три дена тренирал со полн интензитет на тренинзите на првиот тим, но за жал денеска пристигна уште една лоша вест која ќе го уназади неговиот напредок.

Фати се повреди и за време на подготовките и го пропушти стартот на сезоната, а денеска заработил нова мускулна повреда, поради која ќе паузира еден месец.

Ансу дефинитивно нема среќа со повредите и здравствените проблеми значително влијаеја врз напредокот на неговата кариера, особено во периодот пред да замине во позајмица на Брајтон, кога во период од една година направи три операции на коленото.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни