Поврзете се со нас

Лига на нации

Најлудиот гол од постоењето на Лигата на нации: Бериша се радуваше на водството, па прими гол од центар! (Видео)

Објавено

на

Албанија е во игра за првото место во групата 4 од дивизијата Ц во лигата на нации, но иако на денешниот натпревар со Казахстан оствари триумф, вест на мечот ќе остане искусниот голман, Етрит Бериша.

Исмајили ја донесе Албанија во водство од 2:0 во 23-та минута, но играчите на домашниот тим не можеа да се радуваат премногу и предолго, бидејќи доживеаја шок со следното изведување на топката од центарот.

Казахстанците изрежираа неверојатна и неочекувана акција и дефинитивно го постигнаа најлудиот гол од постоењето на Лигата на нации, бидејќи Абикен успеа да погоди од својата половина.

Фудбалерот на Казахстан го „фати на спиење“ капитенот Бериша кој очигледно се уште се радуваше на голот, изненадувајќи го со удар од повеќе од 50 метри за намалување на негативата од 2:1.

Инаку, натпреварот кој се играше во Тирана на крајот заврши со конечни 3:1 за Албанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни