Поврзете се со нас

Формула 1

Најлудата ситуација од Џеда: Хамилтон се заби во Ферстапен, Тото Волф беснееше и ги фрли слушалките (Видео)

Објавено

на

Првата трка во историјата која се возеше во Саудиска Арабија донесе неверојатна тензија и хаос на патеката, но и директна „војна“ меѓу главните ривалите за титулата, пресметка во која не се бираа средства за да се остане пред противникот.

По трите сериозни контакти кои ги имаа, со казна мина само Макс Ферстапен и на крајот Холанѓанецот мораше да се задоволи со второто место, но тој самиот не криеше дека не е задоволен од одлуките на стјуардите и одговорните лица во ФИА.

Ферстапен алудираше на последниот контакт кој го имаше со Хамилтон, односно на моментот кога Британецот се заби во неговиот Ред Бул болид, но мина без казна.

Оваа хаотична ситуација беше резултат на моментот од 37 круг кога Макс го блокираше нападот на Хамилтон, но засега, истата не донесе последици за возачот на Мерцедес кој сепак е испратен на испитување по крајот на трката.

Тото Волф енергично го славеше големиот триумф во Џеда по извозениот 50-ти круг, но мора да се напомене дека тимскиот шеф на Мерцедес беше посебно бесен кога Хамилтон се заби во болидот на Ферстапен. По оваа трка, шампионската трка не може да биде поизрамнета, бидејќи двајцата влегуваат со 369,5 бодови на последната трка во Абу Даби.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни