Најлудата и најискрена изјава од незаборавното славје на Хрватите: Пијани сме како мачки… (Видео)

kovacic-vate

Половина милион хрватски фанови во текот на вчерашниот ден им се поклонија на фудбалските херои кои се вратија од Русија со сребрениот медал, успех кој во Загреб се славеше еднакво како избраниците на Далиќ да го освоија златото на мундијалот.

Хрватските фудбалери беа дочекани онака како што доликува и цели шест часа патуваа од аеродромот до центарот во Загреб, а на плоштадот секако беше резервирана главната фешта каде секој од играчите им порача нешто на фановите.

Сепак, со своето искрено и лудо обраќање посебно се издвои Матео Ковачиќ, бидејќи призна дека сите играчи се пијани пред да започне песна која ги понесе сите присутни на плоштадот.

– Значи пијани сме како мачки, како мачки. Секоја чест на момците, но вие сте светски прваци, секоја чест за вас. Има една песна која мене многу ми се допаѓа. Ако имате пушки, кревајте ги, – им порача Ковачиќ на фановите кој во продолжение почна да ја пее познатата песна „пукни пушко“.

Facebook Коментари