Поврзете се со нас

Англија

Најлошиот дел од прославата на Лестер: Дефанзивецот го фрли знаменцето со грбот на Челси (Видео)

Објавено

на

Играчите на Лестер понудија навистина симпатични сцени на теренот на „Вембли“ по освоената титула во ФА Купот, особено откако чекаа последен во шампионскиот круг да влезе живата легенда на клубот, Џејми Варди.

Искусниот напаѓач е посебно ценет од соиграчите и навистина беше убаво да се види како тој го крева вториот голем трофеј кој го оствари клубот во период од пет години, прв по незаборавната титула во Премиер лигата.

Варди беше дел и од шампионскиот тим кој направи сензација во Англија, а сега и од овој кој за првпат во клупската историја го освои трофејот во ФА Купот.

Иако најголем дел од играчите на Лестер дадоа добар пример за тоа како се слави титула, сепак имаше и еден таков кој го расипа целиот впечаток со видеото од соблекувалната.

Дефанзивецот Даниел Амарти не одигра ниту една минута во финалето на „Вемлби“ кое заврши со резутлат 1:0, но затоа се „истакна“ со фрлање на знаменцето со грбот на Челси и ги разбесни фановите на лондонскиот клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни