Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Најисвиркуваниот играч на Реал: Можам да го променам тоа само на еден начин

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Орелијан Чуамени мина низ навистина тежок период оваа сезона и во неколку наврати доживеа навистина непријатни сцени на „Сантијаго Бернабеу“, стадион на кој Французинот беше исвиркуван од сопствените навивачи на трибините.

Иако прави се за тимот и се става на располагање како стопер и играч за врска, Чуамени важи за играч кој е најнеомилен меѓу навивачите, статус за кој е свесен и самиот Французин.

Наместо да негодува и да покажува фрустрации, Чуамени навистина учтиво и сталожено се справува со огромниот притисок, па во последно време почна да прикажува и се подобри партии, кои според него се единствениот рецепт да ја врати довербата меѓу навивачите.

– Кога почнува еден натпревар, не сум фокусиран на ништо друго, освен на тоа што се случува на теренот. Нема ништо што може да ме деконцентрира. Секако дека ги слушам свирежите кои ги добивам за време на натпреварите, но секој натпревар си носи своја историја. Најважно е да одговорам со добар натпревар, само така можам да ја променам оваа ситуација.

– За мене најважен е секој следен натпревар, а наш ривал сега е Атлетико. Секогаш ќе постојат критики, особено во ваков голем клуб како Реал Мадрид. Со тек на времето се навикнувате и искуството прави да излеземе од незгодни ситуации. Најважно од се е да не ја наведнеме главата и да продолжите да работите за доброто на тимот. Подготвени сме за Атлетико, знаеме дека ќе биде комплицирано, но ќе дадеме се од себе. Се уште сме во игра за титулите и ќе дадеме се од себе да имаме успешна сезона, – изјави Чуамени.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни