Поврзете се со нас

Англија

Најголемото засилување во ерата на Артета: Си давам само „четворка“ на скалило до „десет“

Објавено

на

Томас Парти во 2020-та година направи голем трансфер во Арсенал и беше претставен како огромно засилување, или најзвучно во ерата на Микел Артета како менаџер на „топчиите“.

Поранешниот играч на Атлетико Мадрид воодушеви со својот старт во Премиер лигата, но тешките повреди и неконстантните партии во последнио време, направија да наиде на доста критики во јавноста.

Парти засега не нуди ниту одблиску добар континуитет како што тоа го правеше во тимот на Чоло Симеоне и изданијата се потпросечни, нешто за што е свесен и самиот играч за врска кој си даде доста ниска оценка за својата досегашна етапа во Арсенал.

– Си давам себеси само четворка од скалило до десет. Има моменти кога можам да го повредам противничкиот тим, но има моменти кога го губам фокусот и свесен сум за тоа.

– Знам дека можам и дека морам многу повеќе. На пример, на последниот меч со Јунајтед, „продадов“ неколку лесни топки и нормално е да ме критикуваат оние што го гледаа мечот од трибините. Сепак, јас сум научен да извлекувам поуки од лошите моменти и знам дека можам да понудам повеќе. Сигурен сум дека на крајот ќе има поволен резултат, – вели играчот за кој Арсенал плати 50 милиони евра во последниот ден од летниот преоден рок во 2020-та година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни