Најголемиот талент на Барселона му одговори на Клајверт: Има човек над него, мора да зборувате со него

riki

Патрик Клајверт пред околу 15 дена јавно му порача на најголемиот талент на Барселона, Рики Пуч дека нема место за него во првата екипа, односно му предложи да замине на позајмица во друга средина.

Ова секако беше сосема спротивно од она што Пуч веќе долго време го повторува дека сака да остане во Барселона, односно да добие вистинска шанса и да покаже што знае и умее и во првата екипа. Во меѓувреме Рики немаше коментар за предлогот на Клајверт се досега кога одлучи едноставно да одговори и сподели својот став.

-Тој нема зборувано со мене. Плус таму е Абидал кој е над него, па треба да зборувате со него. Постојано кажувам дека сакам да останам во Барселона… Во моментов не размислувам за заминување и се оди како што треба. Ќе останам овде.  Некој менаџер разговарал со татко ми, но тие не разјасниле што сакаат да прават со мене. Клубот отсекогаш многу ми верувал, сакаат овде да триумфирам и ме гледаат како инвестиција, -истакна талентираниот фудбалер кој во моментов е дел од Б составот на каталонците.

Facebook Коментари