Шпанија
Најголемиот „пријател“ на Винисиус од Ла Лига: Ако влеземе во ринг, ќе го нокаутирам за 10 секунди
Пабло Мафео своевремено важеше за играч кој знаеше да игра „фластер“ на Лионел Меси, но во последните неколку години се издвои како дефанзивец кој најчесто има препирки со Винисиус Жуниор на фудбалскиот терен.
Дефанзивецот на Мајорка и ѕвездата на Реал Мадрид имаа неколку невкусни епизоди на фудбалскиот терен како директни ривали на теренот, па иако на последната пресметка која се одигра на стартот на сезоната имаше мало поправање на односите, јасно е дека нетрпеливоста меѓу двајцата беше главна причина за некоректни однесувања на теренот.
Мафео се обиде да ги остави настрана сите непријатни случувања на натпреварот кој се одигра во месец август, но правејќи една комична паралела за тоа како би изгледал нивниот дуел во еден боксерски ринг, дефанзивецот на Мајорка испорача една вирална изјава.
– Борба меѓу мене и Винисиус може да биде и најгледаната борба во историјата на боксот. Немам сомнеж дека јас ќе излезам како победник, ќе го нокаутирам за 10 секунди, – вели Мафео.
Пред да настапува за Мајорка, Мафео се прослави во Ла Лига како агресивен дефанзивец на Џирона, но претходно во младинските денови беше член и на Манчестер Сити.
-
Англија16 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Македонија18 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Репрезентација11 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија9 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Шпанија22 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Германија13 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Шпанија8 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)