Поврзете се со нас

Италија

Најголемиот повратник во тимот на Јувентус: Време е Скудетото да се врати во Торино

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Вестон МекКени беше позајмен во Лидс Јунајтед со цел да остане во англискиот клуб на долгорочен план, но откако премиерлигашот испадна во втората лига, целата операција пропадна.

Американскиот репрезентативец мораше да се врати во Јувентус и се чинеше дека ќе биде првиот кој ќе биде продаден изминатото лето, но наместо тоа, дојде до најголемо изненадување.

МекКени се избори за втора шанса кај Макс Алегри и со напорна работа ја врати довербата кај тренерот, кој од стартот на сезоната направи Вестон да биде незаменлив во стартниот тим на Јувентус.

Неуморниот играч за врска нуди партии како во своите најобри денови во Торино, а сега е голем оптимист за шампионската трка и пред најголемото дерби со Интер кое следи претстојниов викенд.

– Компетитивноста е иста на секој меч во Италија, но мечот со Интер е најважен за нас оваа сезона. Ако успееме да победиме овој викенд, сметам дека ќе бидеме во многу добра позиција за Скудетото.

– Сепак, тоа ќе биде само првиот чекор, бидејќи после тоа секој меч ќе биде идентично важен како тој против Интер. Сметам дека овој тим е подготвен за предизвикот. Знам дека е рано да се зборува, но време е Скудетото да се врати во Торино, – потенцира МекКени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни