Поврзете се со нас

Англија

Најголемиот малер во тимот на Клоп се врати после девет месеци, одигра 10 минути против Арсенал, па повторно се повреди

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Тиаго Алкантара е најголемиот малер во Ливерпул во последната година, а потврда за тоа добивме и ова попладне откако англиските медиуми пренесоа една доста разочарувачка вест за него.

Искусниот шпански играч за врска не се изнаигра фудбал во првиот тим на Ливерпул во изминатите 12 месеци, од кои дури во девет беше надвор од терените поради тешка повреда на колкот.

Алкантара ја санираше истата после долга рехабилитација и конечно се стави на располагање за дербито со Арсенал кое се одигра изминатиот викенд, но за време на десетте минути кои ги мина на теренот, Тиаго заработил повреда.

Угледните англиски медиуми откриваат дека Алкантара заработил мускулна повреда и ќе биде во аут неколку недели, што автоматски значи продолжување на агонијата која трае од април минатата година.

Шпанецот има договор со Ливерпул до крајот на сезоната, па со оглед на тоа што како заштита веќе нема да го има Јирген Клоп кој инсистираше на негов трансфер, повеќе од јасно е дека за него нема иднина на „Енфилд Роуд“.

Foto:twitter.com/LFC

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни