Поврзете се со нас

Англија

Најголемиот малер во последните неколку години повторно е недостапен за Мареска

Објавено

на

Foto:x.com/ChelseaFC

Енцо Мареска успеа да ги стабилизира резултатите во Челси и има навистина ветувачки старт како предводник на „сините“, но дури и тој брзо се увери дека Рис Џејмс е убедливо најголем малер во последните неколку години.

ИГрачот кој беше незамелнив како десен бек и кој беше еден од капитените на тимот се претвори во фудбалер кој постојано е подложен на нови повреди, за што доказ е и последната информација која пристигнува од тренинг центарот на Челси.

Самиот Енцо Мареска денеска потврди дека Рис поради мускулна повреда ќе го прескокне натпреварот против Лестер, а неизвесен ќе биде и за следниот во Европа против екипата на Хајденхајм.

– Џејмс има одреден проблем со тетивата, односно со мускулот во близина на коленото. Почувствува нешто и не сакаме да ризикуваме со него со оглед на архивата која ја има. На тренинзите се обидуваме целосно да избегнува контакти, но понекогаш и така не оди се како што посакувате, – изјави Мареска.

Дефанзивецот од 2021-ва година наваму има пропуштено 540 работни дена на фудбалските терени поради различни повреди, или поточно, пропуштил неверојатни 103 натпревари во последните четири години.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни