Промоции
Најголемата студентска авантура во 2020 година ќе биде патот до Берлин!

Откако во неколку наврати претходно беше организирана авантурата „Red Bull Can You Make It“, светската студентска популација „одлепи“ по шансата нивната уникатна патувачка приказна да биде осценета и наградена како најинтересна.
Точно 200 тимови, сочинети од по тројца учесници, ќе тргнат од пет различни градови во Европа со една цел: да стигнат во Берлин, притоа не користејќи пари, а единствената валута што ќе ја поседуваат ќе бидат лименки со енергетскиот пијалок „Ред Бул“. Правилата велат дека се што успеете да добиете при трампа на лименките смеете да го користите, наспроти фактот дека никакви бесплатни услуги остварени на друг начин (пример користење авионска карта со собрани поени) нема да биде дозволено. За да се спречат малверзации, ниту еден тим нема да знае од каде ќе биде нивната појдовна точка, а во игра се Амстердам, Барселона, Будимпешта, Копенхаген и Милано. Попатно, секој тим, во полн состав, мора да се појави на шест однапред дефинирани контролни точки. Ништо повеќе!
Звучи интересно? Во секоја земја има отворен конкурс за избор на национален тим, кој ќе биде отворен до 17 февруари. Откако ќе најдете уште две личности кои што ќе го делат вашиот ентузијазам ќе треба да подготвите пријава во форма на видео запис, се со цел луѓето да можат да гласаат за вас во тој избор. Затоа, со видеото мора да покажете вештини, кои всушност ќе бидат столбот на вашата авантура: тимска работа, креативност и посветеност. Победници нема да бидат оние што први ќе стигнат на целта, туку оние кои најинтересно си поминале по пат во предвидените седум дена, а за да тоа биде евалуирано, ќе мора да бидете мошне активни со фотки и видеа на социјалните мрежи.
Жири комисијата во секоја земја ќе го даде својот глас најдоцна до 9 март. Македонскиот тим што ќе биде селектиран, ќе треба на 21 април да појде на една од петте почетни точки, каде што ќе отпатува еден ден претходно.
Во минатите години учесниците успеаја да трампаат лименки за влезници на натпревар од Лигата на шампионите, да добијат авионска карта, како и да учествуваат во екстремни спортови. Ваквите размени ќе ви донесат бодови, исто како што ќе ви донесат и бодови навремените појавувања на шесте контролни точки, каде што се предвидени „предизвици за телото и за умот“. Трет начин за освојување бодови е вашиот резултат на популарност преку социјалните мрежи.
Единствен услов за да станете дел од историјата на оваа авантура е да сте студент! Се е во ваши раце при составувањето на тимот, како и на едноминутното видео. Потоа следат фазите на гласање на публиката и на жирито. На интеренет можете да најдете многу совети од претходни учесници, но за организаторите е битно да не се прекршува Кодексот на честа и да се наоѓаат начини за „позајмување“ мобилен телефон, таблет, компјутер или други уреди, бидејќи е дозволено само употреба на мобилниот што ќе го добиете од организаторот. Негативно може да се одрази секое дејство кое може да биде оценето како попречување на противнички тим или прекршување на правилата и локалните закони за време на патувањата.
Како изгледа во пракса оваа голема авантура едноставно не може да се опише во неколку збора. Од исконскиот и вроден предизвик за преживување, до натпревар во кој ќе поминете многу километри и ќе видите многу дестинации. На стартот ќе ги предадете сите пари, картички и телефони што ги поседувате во моментот во замена за 24 лименки Red Bull и телефон со неограничена размена на податоци, кои ќе бидат вашиот единствен начин/валута преку кој ќе успеете да стигнете до храна, сместување, транспорт и голем број на неочекувани авантури. Од овој момент сте оставени сами на себе, за како знаете и умеете да ги со креирате патот до крајната дестинација, Берлин! Ако ви зафалат лименки, исто така не треба да се очајува: при решавањето на задачите на контролните точки, наградата се повеќе лименки преку кои ќе можете да го продолжите патот! Генерално гледано, од вас ќе се бара сериозна стратегија и креативност, бидејќи освен она што е забрането, се друго е дозволено и оставено на вашата фантазија и способност. Доколку поради која било причина не можете да го продолжите патувањето, организаторите ќе ви ги вратат платежните средства кои сте ги депонирале, но сепак ќе ве очекуваат на големата журка на финишот во Берлин, од каде ќе ве испратат дома.
Ако го разбудивме вашиот авантуристички дух, тогаш само запрашајте се „дали можете“, а ако одговорот е позитивен, почнете да барате сродни души со кои ќе делите добро и зло во текот на седумте дена по белосветските патишта. Во видеото објаснете или демонстрирајте како ќе го направите она што се очекува од вас во предизвикот „Red Bull Can You Make It“.
За уште повеќе детали ви предлагаме да ја посетитите официјалната страница на настанот, а наскоро ќе следат и други текстови со совети за фазата на пријавување и патување!

- Англијапред 15 часа
Солскјер откри кој е најлош губитник во Јунајтед: Сите мислат дека тоа е Бруно, но….
- Балканпред 12 часа
Уапсен претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, имал блиски релации со „српскиот касап“ Веља Неволја
- Италијапред 10 часа
Не е подготвен за италијанскиот фудбал: МекКени не можеше да го тргне погледот од задникот на Дилета Леота (ФОТО)
- Италијапред 16 часа
Дојде и тој ден: Роналдо постигна гол, соиграч го имитираше на теренот за време на прославата (Видео)
- Англијапред 14 часа
Клубови од Италија и Шпанија заинтересирани за играч на Манчестер Јунајтед, од клубот му подготвуваат нов договор
- Англијапред 11 часа
Тухел откри дека добил „корпа“ од најголемата ѕвезда на Манчестер Јунајтед: Сериозно го сакав во мојот тим
- НБАпред 8 часа
Дончиќ: Не можете да ме споредувате со Лери Бирд
- Шпанијапред 10 часа
Пике ги предупреди ривалите: Се уште сме живи, сезоната комплетно ќе се смени…