Поврзете се со нас

НБА

Најголемата германска ѕвезда повторно ќе го носи дресот на Лејкерс

Објавено

на

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс се обидува да состави супер конкурентен состав за престојнава сезона во НБА лигата, состав во кое е додадено уште едно име кое блеска на Европското првенство.

Се работи за најголемата германска ѕвезда, Денис Шредер кој договори едногодишна соработка со „езерџиите“ вредна 2,6 милиони долари. Ова за плејмејкерот е враќање во Лејкерс за кого настапуваше во сезоната 2020/2021, клуб од кој одби скоро 80 милиони долари за продолжување на соработката по што на крајот потпиша едногодишен договор со Бостон Селтикс за сума од 5,9 милиони долари.

Тој за „келтите“ имаше просек од 14,4 поени, 4,2 асистенции, но беше разменет во Хјустон Рокетс за Даниел Тајс, состав за кој одигра само 15 натревари.

Сега поранешниот соиграч на Перо Антиќ прави кам-бек во Лос Анџелес кој и во новата сезона ќе биде предводен од Леброн Џејмс.

Во досегашната НБА кариера Шредер има просек од 14,2 поени и 4,7 асистенци по натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни