АТП
Најголема победа во кариерата: Италијанската гордост го победи Ѓоковиќ во Торино! (Видео)

Новак Ѓоковиќ е тенисер кој пристигна во најдобра форма на завршниот Мастерс во Торино, но ако некој можеше да се споредува со Србинот во последните два месеци кога е ритамот во прашање, тоа дефинитивно е Јаник Синер.
Младиот Италијанец го потврди тоа и во меѓусебната пресметка која ја имаа оваа вечер во Торино, а која заврши со голема драма и победа на домашниот тенисер по повеќе од три часа борба.
Синер ја оствари најголемата победа во кариерата и по вторпат победи светски рекет број еден, но за првпат најголемиот грен-слем рекордер на сите времиња.
Италијанската гордост одигра перфектен меч и го принуди Ноле да игра на највисоко можно ниво, а понесен од огромната поддршка од трибините, Синер имаше сила да ја добие и психолошката војна со најдобриот светски тенисер.
Јаник се избори за прва победа во четвртата пресметка со Ноле и ги остави зад себе трите порази, но сатисфакцијата ќе биде уште поголема за него ако се знае дека му го нанесе само шестиот пораз во тековната сезона.
Синер го доби првиот сет со направен брејк на самиот крај (7:5), додека во вториот сет двајцата го бранеа својот сервис, но Ноле беше подобар во тајбрејкот со 7:5. Во тие моменти се чинеше дека искусниот Србин ќе има предност во третиот сет, но одлучувачкиот дел започна со брејк на младиот Италијанец, кој Ноле успеа експресно да го врати. На крајот повторно гледавме тајбрејк, но овојпат Синер беше убедлив со 7:2 и ја оствари најголемата победа во својата кариера.
🤩 JANNIK WINNER 🤩@janniksin records a first EVER win over Djokovic 7-5 6-7 7-6 to hand the World No.1 his first loss since Wimbledon!#NittoATPFinals pic.twitter.com/N6LXyV238L
— Tennis TV (@TennisTV) November 14, 2023
-
Англијапред 10 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 12 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 11 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Италијапред 23 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 11 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 13 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
АТПпред 24 часа
Надал откри што најмногу го загрижува: Ова за мене е непозната територија…
-
Светпред 22 часа
Издвои три имиња: Белингем „знае“ кој ќе ја освои наградата „Златно момче“ за 2024 година