Поврзете се со нас

ВТА

Најголем успех во кариерата: Крејчикова ја освои титулата на Ролан Гарос (ВИДЕО)

Објавено

на

Барбора Крејчикова е победничка на овогодинешното издание на Ролан Гарос и тоа откако во завршниот меч на турнирот беше подобра од Анастасија Пављученкова од Русија.

Тенисерката од Чешка потврди дека е во извонредна форма и со одлична игра на „Филип Шатрие“ дојде до најголемиот успех во досегашната кариера. Средбата во Париз траеше скоро два часа, се играа три сета во кои Барбора беше подобра од Пављученкова и со 6:1, 2:6, 6:4 изводјува победа која ќе ја памети до крајот на животот.

Инаку Чехиката во досегашната кариера најголемите успеси и беа во дубл и тоа со пехарите на Ролан Гарос и Вимблдон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни