Поврзете се со нас

Италија

Најголем губитник во последниот ден од преодниот рок: Драмата „Осимен“ заврши катастрофално!

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Виктор Осимен е убедливо најголем губитник во последниот ден од летниот преоден рок, бидејќи прво ги договори личните услови за трансфер во Ал Ахли и самиот го стопираше трансферот, за потоа самиот да му се пониди на Челси и да биде изигран во последен час.

Желбата на Нигериецот да остане во Европа го натера да се откаже од огромна сума на пари, па во ситуацијата кога Саудијците за момент се повлекоа, Челси беше тој кој стапи на сцена, но не доволно за да го осигура потписот на напаѓачот на Наполи.

Наполи и одговорните лица на Осимен на крајот одбија две понуди во последниот ден од летниот преоден рок, а онаа последната од Челси била и потценувачка според пишувањата на голем дел италијански медиуми.

Имено, Челси му понудил само 4 милиони евра фиксна плата и уште 4 милиони во вид на бонуси, што е повеќе од двојно помалку од тоа што во моментов го заработува во Наполи.

Поради некоректната понуда, на крајот целата операција пропаднала и беше откажана на еден час пред полноќ, по што одговорните луѓе на Челси се враќаат во Лондон со празни раце, додека Осимен и дефинитивно е најголемиот губитник на последниот ден од преодниот рок во Европа.

Целата драма заврши катастрофално и сега малку веројатно е дека и Ал Ахли повторно ќе се вклучи со нова понуда, бидејќи саудиските клубови имаат уште три активни дена на трансфер пазарот.

Како што стојат работите, Осимен на крајот ќе остане во Наполи, но ќе биде целосно „замрзнат“ од Антонио Конте и од Аурелио де Лаурентис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни