Најглупавиот погодок во историјата на Лига Европа: Застанаа во место мислејќи дека судијата ја прекина играта, па примија смешен гол

steaua1

Стеауа Букурешт го задржа првото место во групата Г во Лига Европа одигрувајќи 1:1 со Хапоел Бер Шева, но овој натпревар дефинитивно нема да се памети по конечниот резултат бидејќи истиот ни го донесе најглупиот погодок некогаш постигна во најмасовното европско натпреварување.

Сценаристи на истиот всушност се играчите на Хапоел кој на неверојатен начин „заспаа“ на теренот, односно прекинаа да играат фудбал мислејќи дека судијата ја прекина играта. Дефанзивците на Бер Шева имаа се во своја корист за лесно да ја отстранат опасноста, но бидејќи мислеа дека претходно беше досуден прекршок, му оставија Коман да го постигне најлесниот гол во неговата кариера.

Facebook Коментари