Најемотивниот момент во Мадрид: Баутиста Агут држи говор, Надал не може да ги задржи солзите (Видео)

bautista-nadal

Селекцијата на Шпанија успеа уште еднаш да дојде до пехарот во Дејвис Купот и тоа откако во завршната пресметка во Мадрид беше подобра од репрезентацијата на Канада.

Првиот поен на „црвената фурија“ и го донесе Роберто Баутиста-Агут кој одлучи да се врати и му помогне на националниот тим, откако само пред неколку денови го загуби неговиот таткот. Пехарот пак го потврди Рафаел Надал кој со 2-0 во сетови беше подобар од Денис Шаповалов.

По оваа победа домашните играчи имаа можност да и се обратат на публиката, а при говорот на Баутиста-Агут најемотивен беше Надал кој едноставно не можеше да ги скрие солзите по се што се случуваше изминативе денови и како тоа Роберто и покрај големата трагедија се врати и донесе радост за националниот тим.

ОВДЕ можете да го погледнете тој момент.

Facebook Коментари