Македонија
Најдоски за статусот на „груб играч“: Сакав машка игра, но никогаш не сум повредил противнички играч

Македонската фудбалска легенда, Илија Најдоски, неодамна презема функција во новото раководство на Фудбалската федерација на Македонија, а деновиве е актуелен во српската јавност поради едно реализирано интервју за „Спортски Журнал“.
Најдоски е клупска легенда на Црвена Звезда, екипа со која стана и европски клупски шампион во 1991 година, па во своето интервју потврдил дека работи како скаут за „црвено-белите“ во Македонија, а зборувал и за својата препознатлива бескомпромисност во периодот додека беше актуелен фудбалер, односно еден од најдобрите дефанзивци на европската фудбалска сцена.
– Сакав машка игра, но никогаш не повредив никого.
– Никој не излегол од игра после мој старт, нека се јави некој кого сум оневозможил да игра.
– Се зборуваше дека сум грубијан, но јас секогаш стартував на топка, никогаш не сум удрил играч без топка.
– Франко Барези беше вистинско „животно“ од стопер, а исто така никого не повреди. Но, кога ќе влезеше со лизгачки старт, знаеше да го исфрли противникот во заштитната ограда, – изјавил Најдоски за српскиот медиум.
-
НБА15 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет13 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Шпанија11 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Франција11 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
Балкан14 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
НБА10 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Лига на шампиони15 часа
Белингам со спомени од минатогодишното четвртфинале со Сити: Бев умрен од страв, но…..
-
Англија24 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…