Најдолгото дрифтање во светот: Нов гинисов рекорд за старо-новиот крал на дрифтингот (Видео)

Drifting BMW

Јохан Шварц е новиот крал кој со БМВ M5 го направи најдолгото дрифтање кое траеше неверојатни 8 часови, а успеа да помине речиси 375 км. Целиот настан се состоеше во тоа што две возила дрифтаа во исто време на помала раздалеченост,а во исто време кога ќе се испразнеше резервоарот на автомобилот, преку специјализиран резервоара се дотураше од едното БМВ во другото БМВ во движење. Имаше и ситуации на мал додир, но за голема среќа на Шварц не се случи никаква незгода.

Шварц овој рекорд го постигна со извозени над 2000 кругови на специјализиран полигон на БМВ во Јужна Каролина, САД.

Инаку и претходниот рекорд припаѓаше на истиот возач кој го постави во 2013 година со дрифтање на 82 км.

Facebook Коментари