Светски првенства
Најдоброто од голманскиот великан: Како Ландин ги откажа Швеѓаните во големото финале (Видео)

Данска успеа да го добие скандинавското дерби во големото финале на Светското првенство и стана само четвртата земја која ја одбранила титулата на еден ракометен мундијал, откако денеска славеше во фантастичниот дуел против Шведска со 26:24.
Избраниците на селекторот Јакобсен го одбранија мундијалскиот трон до кој првпат дојдоа пред две години и влегоа во избрано друштво во ракометната историја, а иако Микел Хансен беше избран за МВП на турнирот во Каиро, според многу ракометни аналитичари, ова признание го заслужи и Никлас Ландин.
Навистина нестварна делува одлуката на одговорните луѓе на ИХФ кои не најдоа место за голманскиот „октопод“ во идеалниот тим на турнирот, бидејќи токму Ландин беше најдобар кога најмногу требаше, односно четвртфиналето со Египет, полуфиналето со Шпанија и финалето со Шведска.
Капитенот на Данска собра дури 15 интервенции во големото финале со Шведска, а огромен дел од нив беа клучни во завршницата кога се кршеше натпреварот, па во ситуација кога ИХФ немаше доблест да го прогласи за најдобар голман на турнирот (ова признание му припадна на Паличка), барем направи компилација од неговите бравурозни одбрани кои направија Данците да ја одбранат титулата.
Ландин брани во неверојатна форма и пред само еден месец ја освои и титулата во Лигата на шампионите, со што само ја збогати својата ризница на големи трофеи во кариерата.
The captain leads his side back to the world title! 🇩🇰 @Niklas_Landin was at his best in the #Egypt2021 final 🔥 The 2019 IHF World Player of the Year made 15 saves at a rate of 41% and was on fire in the critical final minutes 💪@dhf_haandbold pic.twitter.com/Lxvq5voOzG
— International Handball Federation (@ihf_info) January 31, 2021
-
Шпанијапред 23 часа
Иско испрати јасна забелешка до Зидан и Анчелоти на промоцијата во новиот клуб во Ла Лига
-
АТПпред 18 часа
Видео на денот: Федерер му го исполни сонот на фанот кој му постави неверојатно прашање пред пет години
-
Италијапред 19 часа
Ајнтрахт остана без главната ѕвезда за дуелот со Реал, Германците му договорија трансфер во Јувентус (Фото)
-
Шпанијапред 20 часа
Модриќ режираше магии на завршната подготовка пред Суперкупот во Европа (Видео)
-
Англијапред 12 часа
Манчестер Јунајтед се откажа од Арнаутовиќ, Македонец главен „виновник“ за пропаднатиот трансфер
-
Италијапред 22 часа
Бесен италијански репрезентативец тргна да се тепа со навивач на Сасуоло (Видео)
-
Светски првенствапред 13 часа
Германска легенда најави дека ќе го бојкотира СП во Катар
-
Германијапред 19 часа
Левандовски: Баерн има еден специјален талент како што Барса ги има Педри, Гави и Ансу Фати