Најдобрите српски шахисти не одат на Олимпијада, ги одбија понудените хонорари!

sahovska reprezentacija na srbija

Најдобрите шест играчи на Србија (според рејтинг листата на ФИДЕ), ја одбија поканата на селекторот Миодраг Перуновиќ да настапат на Олимпијадата во Грузија што ќе започне на 23 септември.

Додека течат последните денови за пријавување на играчите од страна на националните сојузи (до 23 јули), во Србија излегоа на површина претходните несогласувања и наталожени проблеми од минатото. Се претпоставува дека најголем проблем е висината на хонорарите за настап, кои се традиција во шахот, а првенствено биле намалени од 1.500 евра на 500 евра, а згора на тоа не им биле исплатени за последниот настап.

– Им реков дека ќе одиме на Олимпијада, со или без нив. Селекторот ќе ја определи екипата и ќе ја има поддршката на Управниот одбор. Иако најдобрите ни откажаа, очекуваме нивните замени да дадат максимум,- вели за „Политика“ новиот претседател на ШСС, Душан Цогољевиќ.

Според сторијата на српскиот весник, Бојан Вучковиќ не игра за репрезентацијата од 2011 година, додека Иван Иванишевиќ и Милош Перуновиќ се играчи кои биле во блиски врски со претходното раководство и влегле во непомирлив конфликт со сегашното раководство на сојузот. Тие двајца биле повикани на состанок заедно со Александар Инџиќ, но сите заедно одбиле да играат. На ова се надоврзале и првите двајца играчи по рејтинг, Роберт Маркуш и Никола Седлак.

– Можеби јас сум најмладиот селектор до сега, но ќе бидам првиот што ќе воспостави јасни критериуми, а ќе барам да добијат и статус на статутарни одредби, за да важат и кога ќе престанам да бидам селектор, што може да се случи наскоро,- вели селекторот ИМ Миодраг Перуновиќ.

Facebook Коментари