Најдобрите одат со најдобрите: Македонски Телеком е нов партнер на РФМ

Telekom-RFM

Македонската ракометна федерација има нов партнер, тоа е телекомуникацискиот оператор – Македонски Телеком поради што денеска се одржа прес конференција на која двата страни не го криеја задоволството.

– Договорот за партнерство меѓу дојде природно – Македонски Телеком ја има најдобрата мрежа во земјава, додека ракометот е најуспешен спорт во Македонија. Ракометот е столб на нашиот маркетинг. Му донесовме среќа на Вардар, кој стана европски шампион, се надевам така ќе биде со Македонија, -порача генералниот директор на Телеком господинот Андреас Елснер.

Telekom-RFM1

Првиот човек на нашата федерација Живко Мукаетов пак порача:

– Најдобрите доаѓаат заедно, ние благодарение на овие момци овде денеска потпишуваме соработка со Македонски Телеком. Чест е што ќе соработуваме со моќна компанија како Телеком, убеден дека одлично ќе се претставиме на ЕП, -рече Мукаетов.

Facebook Коментари