Најдобрите на ЕП: Дувњак е МВП, двајца „екс-вардарци“ се најдоа во идеалниот тим на турнирот (Видео)

EHF EURO 2020 / Luka StanzlEHF EURO 2020 / Luka Stanzl

Пред самата завршница и големото финале на 14. Европско првенство од ЕХФ ги објавија имињата на најдобрите играчи на овој турнир кој годинава се одржуваше во три земји и тоа Австрија, Шведска и Норвешка.

Со помош на гласовите на навивачите (преку 20.000) и експертите беше избран дрим тимот во кој имаше место за двајца поранешни ракометари на Вардар, Игор Карачиќ и Хорхе Македа, а меѓу најдобрите се и првиот стрелец на првенството Сандер Сагосен, кружниот напаѓач Банхиди, Јанц од Словенија, Јондал од Норвешка како и големанот Перез Де Варгас.

Најкорисен играч, МВП на првенството е хрватскиот репрезентативец Домагој Дувњак, а пак улогата на број еден дефанзивец е за Хенрик Пекелер од Германија.

Facebook Коментари