Поврзете се со нас

Македонија

Најдобрите македонски судии беа на прием во АМС, Начевски и Николов ќе добијат државна пензија

Објавено

на

Најдобрите македонски ракометни судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов денеска беа примени од Агенцијата за млади и спорт, односно првиот човек Наумче Мојсоски.

Начевски и Николов со години се при ракометниот врв, судат многу важни натпревари, а оваа година беа најдобри на Олимписките Игри во Токио каде ја добија честа да го судат и големото финале меѓу Франција и Данска.

Директорот Мојсоски со пригодни зборови им се заблагодари за се она Ѓорѓи и Славе го прават за нашиот ракомет во изминативе години

-Голема чест и задоволство ми претставуваа што наши гости се луѓето кои претставуваат величини во македонскиот и светски ракомет. Одлуката да ја делите правдата во финалниот натпревар на најголемиот спортски настан е доволен показател за квалитетот и реномето кое го имате стекнато во светската ракометна судиска фела, -истакна Мојсоски кој најави измени на законот за „спортската пензија“ со цел и судиите да можат да ја добијат истата.

-Наша заложба е што поскора измена на Законот за спорт, во кој освен спортистите кои со врвни меѓународни одличја остваруваат право на таканаречената спортска пензија, оваа придобивка да ја имаат и спортските работници, како неоспорен дел од спортот воопшто, -дополни Наумче.

Нашите судии воедно добија плакети во знак на благодарност за сите досегашни остварувања во областа на ракометот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни