Најдобрите единесет: Идеалниот тим на првото коло во Премиер лигата (ФОТО)

neves

Со денешните три натпревари беше комплетирано првото коло во Премиер лигата, коло во кое најубедливата победа ја забележа составот на Ливерпул кој го преслуша Вест Хем со 4-0.

Триумфи исто така забележаа и сите најголеми кандидати за пехарот како Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челси и Тотенхем, но интересно е да се види кој беа најдобрите актери во почетната рунда.

Специјализираниот сајт за фудбал „Гол“ направи идеален тим во формација 4-3-3, па еве кој се најде во одбраното друштво.

Голман: Алекс Мекарти (Саутемптон)

Одбрана: Цезар Азпиликуета, Антонио Ридигер, Давид Луиз (Челси) и Лук Шо (Манчестер Јунајтед)

Средина: Рајан Фрејзер (Бурнмаут), Рубен Невеш (Волвс), Роберто Переира (Вотфорд)

Напад: Рахим Стерлинг (Манчестер Сити), Ричарлисон (Евертон) и Садио Мане (Ливерпул).

Facebook Коментари