Најдобриот слободен удар во Примера ни доаѓа од Мадрид: Страшна „бомба“ од 30 метри ги обиколи Пиринеите (Видео)

damian-suarez

Гетафе успеа да го победи Еспањол во малото мадридско-каталонско дерби кое се одигра на „Алфонсо Перез“ ов попладне, а моментот на одлука пристигна на самиот старт на вториот дел кога еден од поискусните играчи на домашните тим изрежира магија за паметење.

Фановите на Гетафе сигурно не паметат поубав постигнат погодок со години, а денешното ремек-дело на Дамијан Суарез дефинитивно е најубавиот слободен удар што сме го виделе во Шпанија оваа сезона, а од друга страа пак, истиот сигурно ќе влезе во потесниот круг за гол на сезоната во Примера.

По една кратка комбинација, Суарез испрати страшна теледиригирана бомба во мрежата на Пау Лопез од 30 метри (или поточно 31 метар), а парадата на немоќниот голман само дополнително го разубаве голот кој се врти како на лента меѓу сите шпански медиуми….

Facebook Коментари