Поврзете се со нас

НБА

Најдобриот шести играч во НБА доби договор вреден 130 милиони евра (ВИДЕО)

Објавено

на

Добро е познато дека во НБА се вртат големи суми на пари, а последниот кој „дебело“ ја наплати својата улога е асот на Мајами Хит, Тајлер Хиро.

Најдобриот шести играч во НБА во минатата сезона доби нов четиригодишен договор вреден 130 милиони долари. Тој минатата сезона имаше бројки од 20,7 поени, 5 скока и 4 асистенции по натпревар и во најмала рака се очекуваат исти такви партии и во престојнава кампања во која Хит одново има високи амбиции.

Хиро на интересен начин го прослави новиот договор, објави гиф во кој Душко Долгоушко брои пари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни