Поврзете се со нас

Шпанија

Најдобриот поединец во тимот на Зидан: Не бев на нивото кое мора да го има играч на Реал Мадрид

Објавено

на

blank

Реал Мадрид вчера направи пресврт на гостувањето во Андалузија кај Бетис и славеше со 2:3, пред се благодарение на ВАР системот кој во три наврати му сугерираше на главниот арбитра дека треба да донесе тешки и клучни одлуки.

Бетис остана со играч помалку, а потоа беше досуден и пенал во корист на Реал, па избраниците на Зидан на крајот се израдуваа на првите три бода во новата натпреварувачка сезона во Примера, во која ја имаат улогата на бранители на титутлата.

Тимот на Зизу прикажа далеку подобро лице во вториот дел во кој направи пресврт, додека во првото беше максимално надигран, за што Бетис може и да жали што немаше покомотна позитива од 2:1. Францускиот стручњак успеа да ги реорганизира своите редови со двете замени кои ги направи, а новитет на овој меч во споредба со оној првиот против Реал Сосиедад беше тоа што во стартната постава се најде и Феде Валверде.

Младиот играч за врска беше и најдобар поединец на теренот од страна на Реал, но токму тој беше најсамокритичен по крајот на средбата и нагласи дека првото полувреме го одиграл далеку под просекот.

– Ова беше натпревар на кој започанвме добро, но потоа застанавме во првото полувреме. Се повлековме многу и противничкиот тим не казни за тоа. Среќа што тренерот успеа да ни ги промени размислувањата на полувремето. Во Реал Мадрид сте приморани секогаш да трагате по победата, па кога работите не одат како што треба, постои незадоволство. Секој мора да признае и треба да биде самокритичен. Во еден дел од мечот, не бев на нивото на кое треба да биде играч на Реал Мадрид, – изјави Феде кој беше стрелец на првиот гол.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни