Поврзете се со нас

АТП

Најдобриот италијански тенисер: Ѓоковиќ има 500 милиони долари во банка, а вие зборувате…

Објавено

на

Никола Пјетранџели се смета за најдобар италијански тенисер во историјата поради двете освоени титули на Ролан Гарос, што прави да биде единствен играч од оваа земја кој има освоено два грен слем трофеи.

Поради тоа, неговиот глас посебно привлекува внимание кога дава изјави во јавноста, а како човек кој е заљубен во играта на Рожер Федерер, излезе со еден доста жесток став за притисокот со кој се соочи Новак Ѓоковиќ на Ју-Ес Опен.

Србинот не успеа да се справи со спортскиот притисок и не стигна до календарски слем откако загуби од Данил Медведев во финалето во Њујорк, но според Пјетранџели, медиумските натписи за лошото справување со големите очекувања се смешни.

– Јас сакав да играм тенис и станав добар тенисер бидејќи ја сакав оваа игра. На крајот на 50-тите и почетокот на 60-тите освоив 44 турнири, од кои четири пати Ролан Гарос. Двапати во сингл и двапати во дубл. Во тоа време, игравме за забава и пријателство. Излегувавме за да ја забавуваме публиката, на денешните играчи, не им е грижа за публиката. Секој поен е вреден неколку илјади долари. Во мое време, со наградата од Ролан Гарос, не можев да купам ниту мал стан.

– Денеска, за освоен грен слем турнир, играчите добиваат 2,5 милиони долари и затоа сум многу лут. Ѓоковиќ има 500 милиони долари во банка и велите дека излегува да игра под стрес и под притисок? Дали се шегуваме? Тенисот стана игра на милијардери, играчите станаа машини. Од што се играчите под стрес и под притисок? Од броење пари. Не може да бидете под притисок со толку пари во банка, тоа важи за секого, а особено за „големата тројка“, – потенцира Пјетранџели.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни