Поврзете се со нас

Европски првенства

Најдобриот италијански судија ќе ја дели правдата на битката меѓу Англија и Швајцарија

Објавено

на

Фото: twitter.com/AIA_it

УЕФА во текот на вчерашниот ден ги обелодени имињата на арбитрите кои ќе ја делат правдата на првите две четвртфинални средби на Европското првенство кои се закажани за в петок за да сега ги добиеме и судиите за саботните битки во Дизелдорф и Берлин.

Англиски судии ќе ја делат правдата на дерби средбите во четвртфиналето на ЕП

Мечот меѓу Англија и Швајцарија кој ќе се игра од 18 часот ќе го суди искусниот Даниеле Орсато на кого ќе му помагаат сонародниците Чиро Карбоне и Алесандро Џалатини, додека четврти судија ќе биде Германецот, Даниел Зиберт.

Главен пак на вечерната средба меѓу Холандија и Турција ќе биде Клемон Турпан од Франција, ќе му асистираат Никола Данос и Бенџаман Паж, додека Феликс Цвајер ќе биде четврти судија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни